Утрински Весник
Спорт

УЕФА: Ќе се игра натпреварот Чешка-Шкотска

УЕФА: Ќе се игра натпреварот Чешка-Шкотска

Дуелот помеѓу Чешка и Шкотска во Лигата на нации нема да биде одложен објави УЕФА. Фудбалскиот сојуз на Чешка претходно соопшти дека поради ширењето на коронавирусот помеѓу репрезентативците натпреварот закажан за во понеделник нема да биде одигран.

Томас Соучек и Патрик Шик биле во контакт со едно лице од персоналот чии тест бил позитивен на коронавирусот. Шкотската репрезентација утре треба да пристигне во Чешка.

За потсетување, според правилникот на УЕФА натпреварот ќе се одигра доколку тимовите во ростерот имаат најмалку 13 фудбалери, вклучувајќи и еден голман. Доколку овој услов не може да биде исполнет тогаш натпреварот може да биде одложен.

> УЕФА: Ќе се игра натпреварот Чешка-Шкотска <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Дуплантис направи пародија на турскиот стрелец по победата на Олимпијадата со светски рекорд

Кенијката прво беше дисквалификувана, а потоа и го вратија медалот

Франција ќе се бори за златото на олимпискиот турнир