Утрински Весник
Спорт

УЕФА ја казни Србија

Европската фудбалска федерација (УЕФА) го казни Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС), со играње на еден натпревар пред празни трибини. Причината се расистички навреди испратени од трибините на „Маракана“ во Лигата на нации.

dobivaj vesti na viber

Покрај забраната за присуство на навивачи, ФСС е казнет со 30.000 евра за расистички навреди, 8.000 евра за вперување ласер кон противничките играчи и 5.000 евра за навивачите кои влегле на теренот.

Предраг Рајковиќ, голманот на српската репрезентација, доби суспензија на два натпревари (Шведска и Норвешка во Лигата на нации) поради навреда на службено лице на натпреварот против Словенија.
Репрезентацијата на Србија следниот натпревар од Лигата на нации против Шведска го игра на 24 септември во Белград, пред празни трибини, додека три дена подоцна ќе гостува во Норвешка.

Одлучено е и на следниот натпревар во Србија, фудбалерите да носат транспарент „Кажи не на расизмот“.

Можете да прочитате

Манчестер јунајтед елиминиран од Брајтон во ФА Купот

Андреа Бочели ќе настапи на церемонијата на отворање на ЗОИ 2026

Хаос на Африканскиот куп – Се степаа фудбалерите, навивачите го демолираа стадионот, нападнати и судиите