Утрински Весник
Спорт

УЕФА потврди – ќе може да ја гледаме Македонија на ЕП во Букурешт и Амстердам!

УЕФА потврди – ќе може да ја гледаме Македонија на ЕП во Букурешт и Амстердам!

УЕФА потврди враќање на гледачите на Европското првенство ова лето, што значи дека тие кои ќе бидат во можност можат да ги следат натпреварите на македонската репрезентација во Букурешт (против Австрија и Украина) и Амстердам (против Холандија).

Покрај овие два града, Санкт Петерсбург, Будимпешта, Копенхаген, Лондон и Глазгов потврдија минимален капацитет од 25 отсто гледачи, додека Будимпешта е единствениот град кој планира да има 100 отсто гледачи. Од друга страна, Минхен, Рим, Билбао и Даблин имаат краен рок до 19 април да дадат дополнителни информации пред носењето на конечната одлука.

„УЕФА со задоволство објавува враќање на гледачите на фудбалските натпревари на Евро 2020, и во исто време изразува благодарност до членките и националните и локалните власти за подготовките за безбедно враќање. Осум од земјите потврдија одреден капацитет со проценка зап одобрената ситуација. Преостанатите четири града имаат до 19 април да дадат дополнителни планови“, се вели во објавата на УЕФА.

Тие, сепак, имаат порака за тие кои ќе тргнат на натпреварите.

„Фановите кои ќе сакаат да патуваат за да ги гледаат натпреварите на своите репрезентации ќе се соочат со предизвикот на ограничувањата во секоја земја. Ќе мора да се почитуваат локалните власти, кои нема да прават исклучоци за тие кои имаат билети“, се додава во соопштението.

> УЕФА потврди – ќе може да ја гледаме Македонија на ЕП во Букурешт и Амстердам! <

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига