Утрински Весник
Спорт

УЕФА: Одлуките за европските натпревари не се донесени

УЕФА размислува на Истанбул да му ја одземе организацијата на финалето во ЛШ
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Нион, 4 јуни 2020 (МИА) – Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) не коментира за појавување на шпекулации за различни опции за завршување на европската клупска сезона.

– Прашања за датумите на неодиграните натпревари и веројатноста финалето на Лигата на шампионите и Лигата на Европа да бидат одложени од Истанбул и Гдањск не се дефинирани. Се создаде работна група со претставници на лиги и клубови да ги проучуваат календарските решенија и формат опциите што дозволија да ја заврши тековната сезона. Во моментов се разгледуваат различни опции. Во оваа фаза не се донесени решенија, соопшти УЕФА.

Претпладнево германски „Билд“ излезе со информација дека Германија, Португалија и Русија се претенденти за завршниот турнир во Лигата на шампионите.

Конечната одлука се очекува на состанокот на Извршниот комитет на УЕФА закажан за до 17 јуни. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Гвардиола незадоволен и по убедливата победа над Вест Хем

Алонсо: Победивме, но Реал може и мора подобро

Мбапе го израмни рекордот на Роналдо со гол против Севилја