Утрински Весник
Спорт

УЕФА дава по 4,3 милиони евра на секоја федерација

УЕФА ќе формира агенција против местење натпревари

Нион, 28 април 2020 (МИА) – Европската фудбалска унија (УЕФА) објави дека ќе издвои 236,5 милиони евра за да им помогне на земјите-членки за загуби предизвикани од коронарна пандемијата, односно по 4,3 милиони на секоја од 55-те членки на организацијата.

– Фудбалот се соочува со еден непредвидлив предизвик што ни го донесе коронавирусот.  УЕФА сака да им помогне на своите членки да одговорат на овој предизвик на начинот на кој тие сметаат дека треба. Како резултат на тоа, решивме да исплатиме по 4,3 милиони евра на секое здружение до крајот на оваа и следната сезона, што ќе биде инвестиција со која националните федерации ќе можат да ја обноват фудбалската заедница во нивната земја, изјави претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

Парите ќе бидат исплатени од Фондот за итни случаи „Хеттрик“. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почина Душко Вујошевиќ – 24info.mk

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп