Утрински Весник
Македонија

Угостителски објект во тетовско работел и покрај забраната, сопственикот е приведен

Угостителски објект во тетовско работел и покрај забраната, сопственикот е приведен

Синоќа околу 22.00 часот, во тетовска Мала Речица, полициски службеници го привеле 39-годишниот З.А. од истото село, сопственик на угостителски објект.

При заедничка контрола на објектот од полициски службеници и инспектори од Државниот пазарен инспекторат, било констатирано дека објектот работи надвор од дозволеното работно време, а во него биле затекнати 6 гости.

З.А. е задржан во Полициската станица Тетово и против него ќе следува поднесок по член 206 од Кривичниот законик за сторено кривично дело „непостапување според здрaвствени прописи за време на епидемија“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Професори, пејачи и инфлуенсери на платен список на Државна лотарија

СДСМ: Политиката на ВМРО-ДПМНЕ е дефокус, анти ЕУ кампања, криминал и корупција

СДСМ: Одлуката на САД за визите е порака, стануваме земја од „третиот свет”