Утрински Весник
Македонија

Угостителски објект во Кочани работел по дозволеното време

Угостителски објект во Кочани работел по дозволеното време
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Полицијата ќе поднесе кривична пријава против сопственик на угостителски објект во Кочани кој работел по дозволеното време.

Според информациите на МВР,  вчера во периодот од 17 до 21 часот полициски службеници извршиле контрола на 30 угостителски објекти на подрачјето на Кочани во врска со почитувањето на мерките донесени од Владата за спречување на ширењето на Ковид-19.

При контролата било констатирано дека еден угостителски објект не го почитувал работното време, односно во угостителски објект на ул. Димитар Влахов во Кочани во 18.35 часот биле затекнати неколку гости.

Против одговорното лице ќе биде поднесена кривична пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Политички судир: Реформи на СДСМ наспроти националниот наратив на ВМРО-ДПМНЕ за влез во 2026 година

34 автомобили оштетени на паркинг во Аеродом

СДСМ обвинува дека власта го следела Филипче