Утрински Весник
Македонија

Угостителски објекти од кои најголем дел во Чаир и Тетово не ги почитувале протоколите

За непридржување до прописите во епидемија досега изречени 72 мерки во угостителството во тетовскиот регион

Скопје, 18 јуни 2020 (МИА) – Угостителски објекти од кои најголем дел во Чаир и во Тетово не ги почитувале протоколите, работеле по 22 часот и служеле гости во затворен простор. Против нив се поднесени кривични пријави, информира денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски.

На прес-конференцијата во Владата, Пауновски посочи дека при направените контроли откриени се и 24 угостителски субјекти кои не биле регистрирани. На нив им е изречена прекршочна мерка и даден им е рок од 30 дена да се регистрираат, а доколку не го сторат тоа, ќе бидат затворени и ќе добијат повисока казна.

– За жал има и такви кои не ги почитуваат протоколите и кои ја користат оваа состојба и мислат дека може да работат како нерегистрирани. Во контролата со финансиската полиција во последниве денови имаме направено записници за непочитување на протоколите и изречени се 11 кривични пријави кои во следните денови ќе бидат доставени до Обвинителството и судот, рече Пауновски. бак/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вработена на Онкологија сведочеше како се давале терапиите на клиниката во времето на Васев: Се случуваше на клиниката да нема некоја терапија, а одредени пациенти сепак да ја добијат

Мицкоски: МВР идентификува 20 лица поврзани со пожарите

Шукова: Ангелов со силеџиската изјава за  Ромите го открива вистинското лице на  власта