Утрински Весник
Економија

Угостителските услуги поскапи за 0,2 отсто

Угостителските услуги поскапи за 0,2 отсто

Скопје, 5 март 2020 (МИА) – Цените на угостителските услуги во февруари 2020 година, во однос на претходниот месец бележат раст од 0,2 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите храна за 0,4 отсто, алкохолни пијалаци за 0,7 отсто и безалкохолни пијалаци за 0,3 отсто, додека во групата ноќевања е забележано намалување за 0,4 отсто.

Индексот на цените на угостителските услуги во февруари 2020 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0,1 отсто.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари − февруари 2020 година, во однос на истиот период од минатата година, остана на исто ниво, додека во однос на декември 2019 година е зголемен за 0,1 отсто.скс/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија