Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Угостителските објекти од денеска ќе работат до 21 часот

Угостителските објекти од денеска ќе работат до 21 часот
Img 7972

Рестораните и другите угостителски објекти од денеска наместо до 18 ќе работат до 21 часот.

Согласно одлуката на Владата, рестораните и угостителските објекти од денеска ќе работат до 21 часот, после што ќе бидат затворени за посетители сите угостителски објекти и ресторани, како и угостителските објекти или делови за исхрана во угостителските објекти за сместување во хотелите, мотелите, хостелите, пансионите и други објект за сместување, како и објектите со угостителска дејност на бензинските станици.

Исклучок од оваа одлука се угостителските објекти на Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, како и рестораните или деловите за исхрана во угостителските објекти за сместување во хотелите, мотелите, хостелите, пансионите и други објекти за сместување за лицата сместени во овие објекти.

Угостителските објекти кои вршат подготовка и продажба на храна можат да остваруваат продажба на алтернативен начин со онлајн или телефонски нарачки и да вршат достава или да овозможат самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект преку штанд или пулт со почитување на основните мерки за дезинфекција, носење маски и одржување дистанца.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Претрес во Кичево, пронајдени оружје и муниција, уапсено едно лице

Филипче: Слоганот на ВМРО-ДПМНЕ е ветување за уништување на државата преку партизација

Денеска во Скопје дигитален самит на Западен Балкан (WBDS) 2025