Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Угостителските објекти да не прават залихи во следните два дена, порача Бектеши

Угостителските објекти да не прават залихи во следните два дена, порача Бектеши
300x250 opst2

Угостителските објекти да не прават дополнителни залихи денеска и во текот на утрешниот ден со цел да се избегнат поголеми загуби од воведените рестрикции за работа, напиша министерот за економија Бектеши на својот „Фејсбук“ профил.

Тој образложи дека целосна забрана да примаат гости ќе имаат и хотелите, мотели, хостели, пансиони и други објекти за сместување или на бензински станици кои имаат делови за служење храна.

„Објектите кои вршат подготовка и продажба на храна може да продаваат преку онлајн или телефонска нарачка и да вршат достава на храна или самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект, преку пулт. Исклучок се рестораните во склоп на хотелите, мотелите, хостели и пансиони за оние лица кои се сместени како гости, како и угостителскиоте објекти на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид“ објави министерот и додаде дека Министерството за економија секогаш е за подршка на секторот, но очекува разбирање и соработка се со цел надминување на оваа ситуација“, порача Бектеши.

Со одлука на Владата, почнувајќи од 7 април 2021 (среда), сите угостителски објекти (кафеани, ресторани, барови, клубови) ќе имаат целосна забрана за гости/посетители. Оваа мерка, како што денеска одлучи Владата, по предлог на Комисијата за заразни болести ќе важи до 20 април 2021 година.

Можете да прочитате

СДСМ: Судир на интереси во ОИК Зелениково со цела фамилија на кандидатот за градоначалник на ДПМНЕ

ОЈО нареди обдукција на телото на Панчо

Костова побара поддршка за Шапов и советничката листа на СДСМ, да продолжи Богданци да се развива