Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Увезени 23 милиони неисправни заштитни маски во ЕУ

Увезени 23 милиони неисправни заштитни маски во ЕУ
Img 7972

Европската комисија утврди дека речиси 23 милиони заштитни маски во Европската Унија биле неисправни во средината на септември. Ова го објави Европската народна партија (ЕПП), најголемата партија во Европскиот парламент.

Во име на ЕК, комесарот за правда Дидие Рејндерс го извести хрватскиот европратеник Томислав Сокол дека пријавените мерки во системот за брзо предупредување за опасни непрехранбени производи, кои се однесуваат на заштитните маски, во средината на септември 2020 година опфатиле околу 23 милиони производи.

Маските беа обележани како неисправни главно поради недоволен капацитет за филтрирање или несоодветност на лицето, како и поради недостаток на сертификати што ги бараат соодветните тела на ЕУ, објави Хина.

„Од пристигнатите 121 апликација, 104 се однесуваа на маски произведени во Народна Република Кина, две на маски произведени во Мексико, по една на маски од Данска, Турција, Украина и Виетнам, а во 11 случаи потеклото не било пријавено или не било познато“, изјави Томислав Сокол.

Тој апелираше до потрошувачите да се погрижат маските да ги исполнуваат стандардите за безбедност пред да ги купат.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пронајдено е телото на еден од тројцата хрватски планинари изгубени во Словенечките Алпи: Потрагата е прекината до утре

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура

Лавина во Словенија, исчезнати се тројца хрватски планинари