Утрински Весник
Свет

Убиство во Лондон – избодена жена, маж прегазен со возило

Убиство во Лондон –  избодена жена, маж прегазен со возило

Две лица загинаа во инцидент во западен Лондон – една жена е избодена до смрт, а маж е убиен од возило, пренесува британски „Експрес“.

Полицијата соопшти дека добила повик веднаш по 9 часот по локално време од патот Чипмунам.

Кога пристигнале на местото на несреќата, затекнале жена со убодни рани и маж удрен од возило.

Констатирана е смрт на лице место.

Портпаролот на лондонската полиција потврди дека повикот пристигнал денеска во 9.01 часот од патот Чипмунам.

На местото на несреќата излегла брза помош, како и пожарникари, а други детали се уште не се објавени.

Можете да прочитате

Маск донирал 10 милиони долари за републиканците да ја задржат контролата врз Конгресот

Десетици илјади Чеси излегоа на демонстрации за поддршка на претседателот Петр Павел

Аракчи: Уверен сум дека може да се постигне договор со САД за иранската нуклеарна програма