Утрински Весник
Свет

Убиецот од Тексас го најавил масакрот на Фејсбук: Ја убив баба ми, сега одам кон училиште

Гувернерот на Тексас, Грег Абот, изјави дека напаѓачот објавил текстови на Фејсбук три пати пред нападот.

Во првиот текст, објавен 30 минути пред да отиде во училиштето, рекол дека ќе пука во својата баба. Во другиот напишал: „Ја убив баба ми“. А во третиот текст, објавен околу 15 минути пред нападот, тој го најавил својот крвав поход кон училиштето.

Неговата баба преживеала Таа е во критична состојба, но е стабилна, беше речено на прес-конференцијата.

Во пукањето во основното училиште во Тексас беа убиени 19 деца и двајца возрасни. Пукањето се случило во 11:17 часот по локално време во основното училиште Роб во Увалде, мал град во југозападниот дел на Тексас.

Полицијата соопшти дека мртов е и 18-годишниот напаѓач Салвадор Рамос. Повеќе од 10 деца се повредени, а една жена и едно девојче се во критична состојба. Станува збор за училиште во кое посетуваат ученици до четврто одделение. Ги има околу петстотини и повеќето од нив се со шпанско потекло и лоша економска состојба.

Можете да прочитате

Макрон од говорницата на ОН: Франција ја признава Палестина како независна држава

Европа забележа над 62.700 смртни случаи од жештина во летото 2024

Признавањето на Палестина отвора ново прашање – кој ќе ја раководи