Утрински Весник
Македонија

Уапсен 18-годишник од Шишево, кој летоска фрли куче од мост во река

Уапсен 18-годишник од Шишево, кој летоска фрли куче од мост во река

Фатен е 18-годишниот скопјанец, кој летоска во реката Вардар фрли куче и потоа објави фотографии на социјалните мрежи.

Според информациите од МВР, О.К.(18) од с.Шишево, општина Сарај, вчера бил фатен на граничниот премин Табановце, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека за него бил распишан централен распис од ЕВР Ѓорче Петров поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“.

Тој бил спроведен во ЕВР Ѓорче Петров и во службен разговор го признал дека го сторил делото, односно дека во текот на летото фрлил куче од мост во река и потоа објавил фотографии на социјалните мрежи. Видеото летоска беше објавено на ТикТок.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Муцунски: Ќе бидеме прва земја во Европа која во мандатот на оваа администрација ќе оддржи стратешки дијалог со САД во Вашингтон

Убиство во Охрид: Осомничениот уапсен неколку часа по злосторството

„Europe House“ го одбележа Светскиот ден на поезијата со неколку настани низ државата