Утрински Весник
Магазин

Уапсен тапанарот на „Алабама шејкс“, Стивен Џонсон, под обвинение за злоставување на деца

Уапсен тапанарот на „Алабама шејкс“, Стивен Џонсон, под обвинение за злоставување на деца
Dik 300x250 mk

Стивен Џонсон, тапанарот на американскиот рок-бенд „Алабама шејкс“ добитник на „Греми“, е уапсен под обвинение за физичко злоставување на деца.

Џонсон бил приведен во затворот во округот Лајмстоун, Алабама во средата, пренесуваат новинските агенции.

Големата порота покрена обвинение против него за намерно мачење, злоупотреба и сурово претепување или намерно малтретирање на дете на било кој друг начин.

35-годишниот Џонсон претходно во март минатата година се изјасни за виновен за кршење на судска наредба за заштита од семејното насилство, издадена во округот Лајместоун. Тој доби условна казна од една година затвор, со 24 месеци условно.

Бендот „Алабама шејкс“ паузира од 2018 година.

Можете да прочитате

Ова е најомразениот знак во хороскопот – и тоа поради неколку особини

Два чаја кои e најдобро да се пијат наутро за детоксикација и полесно слабеење

Премногу витамини можат да убијат: Лекарите предупредуваат дека тие го оштетуваат срцето и црниот дроб