Утрински Весник
Свет

Уапсен странски државјанин кој учествувал во протестите во Белград

Уапсен странски државјанин кој учествувал во протестите во Белград
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Украинецот Р. Л. (21), израелски државјанин, е уапсен синоќа на булеварот Крал Александар, за време на немирите во Белград, во кои беа повредени 10 полицајци.

Тој, како што пренесуваат српските медиуми, на територијата на СРбија влегол на 3 јули и престојувал во хостел во главниот град.

Тој се сомничи дека учествувал во насилните нереди во Белград. Се претпоставува дека се работи за безбедносно опасна личност, кој учествувал и во демонстрациите во Украина. Со него приведено е уште едно лице кој немал документи со него.

Српскиот претседател Александар Вучиќ на вчерашната прес конференција рече дека во организаицја на насилствата во Белград биле вмешани странски служби во главниот град на Србија и оцени дека нивната цел е нанесување штета на угледот на Србија и вршење притисок на Белград пред разговорите во Париз за Косово и Метохија.

„ Собирот беше добро организиран, а потфрли делот на безбедносните служби, зошто дури подоцна е воочено дека има и влијание на странски услуги во организацијата. Полицијата во согласност со законите ја врати контролата, бидејќи пристојните луѓе сами се повлекоа“ изјави Вучиќ.

Тој смета дека тоа е порака до оние од надвор, кои, како што истакна, „мислат дека не знаеме со колку прсти се вплеткани во она што се случуваше синоќа“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мадуро прогласи „состојба на надворешна закана на целата територија“

Серија експлозии во Каракас, дали САД ја нападнаа Венецуела?

Објавени проекции: Ако нема миграција, ЕУ би имала под 300 милиони жители во 2100 година