Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Уапсен скопјанец кој со возило удрил полицаец, подоцна кај него била пронајдена дрога

Уапсен скопјанец кој со возило удрил  полицаец, подоцна кај него била пронајдена дрога
300x250 opst2

Вчера околу 23.00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Д.(28) и Д.М., двајцата од Скопје.

При контрола на патничко возило „форд“, со скопски регистарски ознаки, во с.Бразда, скопско, кое го управувал М.Д., а Д.М. бил сопатник, М.Д. го стартувал возилото и удрил полициски службеник, кој извршувал службени дејства.

Набргу потоа, возилото било сопрено на ул.„Јадранска магистрала“ и при преглед кај двете лица била пронајдена прашкаста материја.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Потребна е скриниг програма за рано откривање на рак на дојка, апел од Розовиот Пикник за поддршка на жените болни од рак на дојка

НАЈАВА ЗА МНОГУ ЛАДНО УТРО: Ќе има минус и мраз!

Групна тепачка во Карпош – еден приведен