Утрински Весник
Македонија

Уапсен скопјанец баран со потерница, при апсењето пружил отпор и со возило удрил во полицијата

Уапсен скопјанец баран со потерница, при апсењето пружил отпор и со возило удрил во полицијата
Dik 300x250 mk

Вчера во 14.30 часот во Скопје, на ул.„Љуботенски пат“, од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Кисела Вода – Отсек потраги, во содејство со Единица за интервентна полиција при СВР Скопје лишен е од слобода Р.С.(40) од с.Љуботен, скопско, кој управувал патничко возило „пасат“, со скопски регистарски ознаки.

Според полицијата, за него биле распишани централна и меѓународна потерница за доиздржување на казна затвор од 2 години 11 месеци и два дена.

Р.С. е осуден на вкупна затворска казна од 5 години и 8 месеци, во врска со чл.418 од Кривичниот законик.

Притоа, при запирањето, Р.С. удрил со возилото двајца полициски службеници, кои се здобиле со полесни повреди.
Р.С. бил совладан и предаден во Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка, по што ќе биде предаден во казнено-поправна установа за доиздржување на казната.

Можете да прочитате

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

Почина поранешниот кошаркар на Пелистер, Зоран Петковски

Да се остават во минатото луѓето кои освен освен распродажба на Македонија, не покажаа ништо друго, повика Мицкоски од Росоман