Утрински Весник
Свет

Уапсен лажен полицаец кој ограбувал на автопатот Ниш-Врање

Уапсен лажен полицаец кој ограбувал на автопатот Ниш-Врање

Српската полиција го уапси В.С. (58) од Врање, поради постоење основано сомнение дека сторил кривични дела разбојништво и недозволено производство, држење, носење и трговија со оружје и експлозивни материјали, пишува „Информер“.

На 27 декември 2020 година во раните утрински часови на автопатот Ниш-Врање, кај селото Превалац, В.С. со патничко возило, користејќи лажни регистарски ознаки и трепкачи, пресретнал и запрел автомобил „ауди“ со странски регистарски ознаки, со кое патувале двајца мажи, државјанин на Северна Македонија, а другиот на Албанија.

В.С. кој, како што се сомнева, бил во маскирна униформа, се претставил како полицаец и со закана со оружје им одзел пари, 10.000 евра и мобилни телефони.

При претрес на семејната куќа на осомничениот, полицијата пронашла автоматска пушка, пиштол, муниција, две бомби, службена легитимација, маскирна униформа, трепкачи и капа фантомка.

По наредба на заменик-обвинител на Основното јавно обвинителство во Врање, осомничениот е приведен во траење до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен во Обвинителството

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Австралија доживеа најголеми снежни врнежи во последните децении

Гроси повикува на воздржаност по нападот во близина на нуклеарната централа Запорожје

Нов силен земјотрес ги погоди руските Курилски Острови