Утрински Весник
Македонија

Уапсен кумановец, во неговото возило биле пронајдени мигранти од Куба

Уапсен кумановец, во неговото возило биле пронајдени мигранти од Куба
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Вчера околу 19.20 часот кај наплатната станица Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Михајлово“ го лишиле од слобода Ф.А.(50) од Куманово, затоа што при контрола на патничко возило „фолксваген туран“, со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени седум лица – мигранти од Куба.

Тие биле пренесени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот против Ф.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

До понеделник стабилно време, од вторникт локален дожд

Пренасочен сообраќајот на камиони кон ГП Блаце

Откажан годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“