Утрински Весник
Македонија

Уапсен гевгеличанец, кај него била пронајдена еден и пол килограм марихуана

Уапсен гевгеличанец, кај него била пронајдена еден и пол килограм марихуана

Денеска полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи го лишија од слобода Б.А.(21) од с.Миравци, гевгелиско.

Имено, по претходно обезбедена наредба за претрес на дом и други простории издадена од судија на претходна постапка од Основен суд Гевгелија, бил извршен претрес на домот кај Б.А., при што биле пронајдени и одземени повеќе пакувања марихуана со вкупна тежина од 1,5 кг, дигитална вага и парични средства за кои постојат основи на сомневања дека потекнуват од продажба на марихуана.

Б.А. е приведен во Полициска станица Гевгелија, а од страна на СВР Струмица – ОВР Гевгелија по целосно документирање на случајот до надлежното Јавно обвинителство ќе биде поднесена соодветна пријава за сторено кривично дело по чл.215 од Кривичниот законик.

Можете да прочитате

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово