Утрински Весник
Македонија

Уапсено лице кое се движело со камења и чекан кон Собранието, хоспитализирани двајца полицајци

Двајца полициски службеници се повредени и хоспитализирани, за време на денешниот протест против францускиот предлог.

dobivaj vesti na viber

Според информациите од терен, полицијата приведе лице кое се движело кон Собранието со чекан и камења во себе.

Претходно денес, дојде до насилство кај трговскиот центар „Мавровка“ кога група лица со камења, стаклени шишиња и други предмети ги нападна демонстрантите додека се движеа кон Министерството за надворешни работи.

Дел од групата беше и вооружен маж кој се закануваше со пиштол, а подоцна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објави дека оружјето било наменето за него и побара од МВР и министерот Оливер Спасовски лицето итно да биде приведено.

Демонстрантите кои во моментов се наоѓаат пред законодавниот дом бараа провокатори откако шише заврши во едно од прозорците на објектот. На новинарите им рекоа да не снимаат.

Можете да прочитате

АХВ спречи увоз на 50 тони небезбедна храна на македонскиот пазар

СДСМ: Владата на продолжен викенд, сега задолжително да ги прифати сите решенија на СДСМ за намалување на цените 

Денес се празнуваат Светите четириесет маченици во Севастија