Утрински Весник
Свет

Уапсени 53 лица на протестите во Белорусија

Хаос на „женскиот марш“ во Минск, граѓанските организации пријавуваат голем број на уапсени

Белоруската полиција соопшти дека употребила солзавец и шок бомби за да ги растера, како што велат, „непослушните демонстранти“ во градот Гомел.

Така спречила пробивање на полицискиот кордон, пренесе агенцијата ТАСС.

Во Белорусија и денес продолжија протестите против резултатите од претседателските избори, на кои убедливо победи Александар Лукашенко, што опозицијата и Западот не го признаваат.

Полицијата досега уапси најмалку 53 лица низ целата земја, објави групата за човекови права Весна, пренесува Ројтерс.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ирански ракети потенцијална закана за европските престолнини

Авион на „Ер Канда експрес“ удри во возило на аеродромот во Њујорк

Унгарски министер со години споделувал доверливи информации од ЕУ со Русија