Утрински Весник
Македонија

Уапсени двајца дебарчани во чиј „голф“ била пронајдена вреќа со марихуана

Уапсени двајца дебарчани во чиј „голф“ била пронајдена вреќа со марихуана

На регионалниот пат Дебар – Струга, на местото викано „Врабич“, во попладневните часови на 20 јули полициски службеници уапсиле двајца дебарчани на возраст од 23-години.

Двајцата биле со автомобил „голф“ со дебарски регистарски ознаки, а откако биле забележани, од возилото излегол еден од нив и се обидел да избега.

На местото на настанот била пронајдена вреќа со марихуана.

Двајцата 23-годишници биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ристески: Извршителите од долг од 500 денари прават 18.000 – „На душман ваков закон не се носи“

Вработен во казино одзел над 330 илјади денари

Мицкоски: Информацциите зошто Груби не бил испратен во „Шутка“ се доверливи