Утрински Весник
Македонија

Уапсени двајца гостиварци, извршиле обид за убиство во Дебар

Уапсени двајца гостиварци, извршиле обид за убиство во Дебар

Службеници од полициската станица Ростуше, вчера на местото викано „Ростушко анче“ ги уаспсиле А.А. (28) од гостиварското село Долна Бањица и А.Т. (30) од гостиварско Лакавица, откако биле сопрени во автомобил „ауди“, со гостиварска регистарацја.

Како што информираат од МВР, гостиварците се уапсени поради сомнение дека околу 22.10 часот истиот ден на улицата „Вељко Влаховиќ“ во Дебар, кај џамијата „Саат кула“, со огнено оружје го повредиле А.И. (30) од Дебар.

А.И. бил пренесен во дебарската општа болница за укажување на лекарска помош, полициски службеници извршиле увид и преглед во возилото „ауди“ бил пронајден пиштол „сиг сауер“ П226С со калибар 9 мм.

По наредба на Јавен обвинител лицата се приведени во ОВР Дебар за понатамошна постапка.

Можете да прочитате

Клековски: Во март следува уште едно зголемување на платите во јавното здравство, кое ќе биде процентуално

Приведен маж од скопско Идризово, со закани барал пари од поранешниот партнер на неговата ќерка

Маж насилно турнал дете во багажник на возило во Аеродром, за да каже кој удирал со снежни топки по неговото возило