Утрински Весник
Македонија

Уапсени двајца Бугари кои со „бмв“ ги скршиле рампите на „Деве Баир“ и нелегално влегле во Македонија

Уапсени двајца Бугари кои со „бмв“ ги скршиле рампите на „Деве Баир“ и нелегално влегле во Македонија

Во кривопаланечкото село Жидилово на 10 март, околу 3 часот по полноќ, полицајци од граничниот премин „Деве Баир“ ги уапсиле бугарските државјани Г.Г.Х.(51) и Р.С.Г.(45), поради тоа што претходно околу 01:20 часот на „Деве Баир“ нелегално ја преминале државната граница.

Како што информираат од МВР, во наведеното време, тие со автомобил „бмв“ со бугарска регистрација, кој го управувал Р.С.Г., не застанале за пасошка контрола и гранични проверки и со возилото удриле во спуштените рампи, ги скршиле и влегле во државава.

Според информацијата од бугарските погранични служби, лицата со возилото излегле од Бугарија, исто така, без да застанат за гранични проверки.

По преземени мерки лицата и автомобилот биле пронајдени и Бугарите биле приведени. Подоцна, тие биле предадени во полициската станица во Крива Паланка за понатамошна постапка.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

58 годишник и се заканувал на сопругата – полицијата го приведе

Скопјанка тешко повредена: Ја удрил со автомобил, па избегал од лице место

Приложил фалсификуван документ на Табановце – уапсен маж од Косово