Утрински Весник
Свет

Уапсена докторката кој издавала лажни потврди за ковид и ги наплаќала

Уапсена докторката кој издавала лажни потврди за ковид и ги наплаќала
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Припадниците на Одделот за антикорупција во Нови Сад, во соработка со членовите на Безбедносно информативната агенција, уапсија три лица осомничени за сторени проневера во врска со потврдите за вакцинација против коронавирус.

Поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело злоупотреба на службената положба, полицијата уапсила докторка и уште две лица во Здравствениот дом Нови Сад.

Се сомнева дека докторката искористувајќи ги своите овластувања издала потврди за вакцинација на повеќе лица, со што лажно покажала дека тие лица се вакцинирани. За тоа добила паричен надоместок.

На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе бидат изведени во надлежното обвинителство.

Можете да прочитате

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј

Гладот ​​во Газа моментално спречен, но ситуацијата е критична