Утрински Весник
Свет

Уапсена девојка во Босна којашто малтретирала двајца мажи

Уапсена девојка во Босна којашто малтретирала двајца мажи
Dik 300x250 mk

Полицијата во БиХ ја уапси 19-годишната А.А. под сомнение дека физички малтретирала двајца мажи во нејзиниот стан во Сараево. Апсењето се случило во продолжение на оперативно-тактичката акција со кодно име „Липа“.

А. А. е осомничена за  „тешка телесна повреда“, „противправно лишување од слобода“ и „неовластено производство и дистрибуција на наркотици“.

Во мај, девојката во нејзиниот стан држела како заложници двајца мажи, при што на едниот му нанесувала повреди со нож, а другиот го принудувала да и помага во нејзините намери, пренесуваат медиумите во БиХ.

При претрес на станот на осомничената, полицијата пронашла непозната материја што личи на наркотична дрога хероин, амфетамин, канабис сатива, како и други предмети што ќе се користат како доказ во кривичната постапка.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Нема враќање на средствата на „Лукоил“, дури и ако санкциите се укинат

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште