Скопје, 19 мај 2020
Во ова тешко време на глобална пандемија на КОВИД-19, Партијата за движење на Турците (ТХП) константно повикува на колективна одговорност и солидарност. Во таа насока со помош на општинските организации на ТХП, успеавме да обезбедиме хуманитарни пакети за 2500 семејства кои беа дистрибуирани низ целата земја. Исто така дониравме 120 преносни компјутери на ученици од социјалните загрозени семејства и деца на самохрани родители.
Хуманитарната акција која траеше неколку недели ја заокруживме со посета на Штип и Карбинци.
При целата хуманитарна акција, нашата цел беше да се подаде рака на најзагрозените семејства, притоа одбегнувајќи злоупотреба на човечкото достоинство и политичко профитерство.
Им благодариме на сите наши членови, невладини организации, бизнисмени и фондации кои дадоа придонес на сите наши хуманитарни активности во изминативе денови
Партија за Движење на Турците во Македонија (ТХП)
_________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.