Скопје, 11 февруари 2020
Во овој исклучително важен ден за нашата држава, кога во Собранието на Република Северна Македонија се ратификуваше протоколот на НАТО, Партијата за движење на Турците (ТХП) изразува огромно задоволство од постигнатиот успех. Како еден од најважните и активните политички субјекти на Република Северна Македонија, ТХП во изминатиот период со сите свои капацитети се посвети на евроатлантските процеси. Денес сме особено горди што макотрпната работа се исплати и денес нашата земја е рамо до рамо со членките на најголемиот воен сојуз НАТО. Станува збор за огромен успех кој ќе се одрази и на безбедноста, но и на економската перспектива на нашата земја.
Особено сме задоволни што овој историски момент се совпаѓа со годишнината од признавањето на нашата земја од страна на пријателската Република Турција.
Енес Ибрахим, претседател на Партија за движење на Турците во Македонија (ТХП) и пратеник во Собранието на Република Северна Македонија
_____________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки