Утрински Весник
Спорт

ТФТ Скопје преку МЗТ до првиот трофеј во Купот на Македонија

ТФТ Скопје преку МЗТ до првиот трофеј во Купот на Македонија

Неверојатната кошаркарска приказна на ТФТ Скопје продолжува, откако клубот од Тафталиџе со 80:66 (21:17, 20:20, 19:16, 20:13) го победи МЗТ Скопје Аеродром во финалето на Купот на Македонија, односно „Купот Благоја Георгиевски-Буштур“ за прва титула во четиригодишната историја на клубот.

Со победата, не само што ТФТ Скопје стана само деветтиот клуб во историјата кој го освоил Купот, туку и во исто време ги спречија „штрковите“ да стигнат до својата 11-та куп титула и така да го поминат вечниот ривал, КК Работнички. Клучна беше последната четвртина, во која ТФТ беше предводен од Американецот Ландриус Хортон, кој заврши со 23 поени и беше најефикасниот во двата тима.

Претходно, во женското финале, Баскет Кам 2011 од Македонска Каменица стигна до драматична 64:61 победа над Бадел по продолженијата за одбрана на титулата.

Фото: КК ТФТ

> ТФТ Скопје преку МЗТ до првиот трофеј во Купот на Македонија <

Можете да прочитате

Три спонзори откажаа на ИОК

KK Пелистер триумираше на стартот на АБА 2 лигата

Магдебург и Веспрем ќе играат во финалето на СКП во ракомет