Утрински Весник
Спорт

Тухел ќе остане во ПСЖ

Тухел ја потврди желбата на Нејмар да го напушти ПСЖ

Париз, 15 јуни 2020 (МИА) – Томас Тухел ќе остане главен тренер на ПСЖ во следната сезона. Ова го соопшти спортскиот директор на клубот Леонардо.

– Договорот со Томас Тухел е дизајниран уште една година. Тој ќе остане во ПСЖ следната сезона. Томас направи одлична работа, постигна добри резултати. Ќе го разгледаме прашањето за продолжување на договорот, ќе има време. Ние сме апсолутно искрени во нашите односи со Тухел, истакна Леонардо.

Оваа сезона „Светците“ го освоија францускиот шампионат, а исто така стигнаа и до четвртфиналето од Лигата на шампионите. Поради коронавирус, елитното натпреварување е прекинато и се најавува продолжување во август. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026

Шкендија со минимална победа над Арсими останува во трката за титулата