Утрински Весник
Спорт

Тухел поради една изјава останал без работа

Триесет години подоцна Роже Мила жали што не ја победиле Англија (видео)

Томас Тухел повеќе не е тренер на фудбалерите на ПСЖ. Клубот на тренерот му го врачил отказот по синоќешната победа над Стразбур (4:0) во Лига 1. Француските медиуми тврдат дека Тухел добил отказ поради спорната изјават што ја дал пред натпреварот.

„Во ПСЖ повеќе се чувствувам како политичар или министер за спорт, отколку како тренер“.

„Јас само сакам да работам. Поради тоа станав тренер, можам да работам секаде, на секо место каде што има пола терен за тренинг и ДВД уред за снимање на .-записите. Јас го сакам фудбалот, но во овој клуб не секогаш станува збор за фудбалот. Во овој клуб има секакви влијанија, не е секогаш најважен интересот на екипата“, рекол Тухел, кој потоа тврдел дека неговите зборови биле погрешно преведени.

ПСЖ на местото на Тухел ќе го донесат Маурисо Покетино. Аргентинецот наводно договорил соработка до 2023 година.

> Тухел поради една изјава останал без работа <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Џејмс Варди заминува во Саудиска Арабија?

Неверојатни цени на билети за последниот меч на Надал

Црна Гора за селектор го добива Динар