Утрински Весник
Спорт

Тухел и Нејмар едногласни: Знаевме дека нема да испаднеме!

Тухел и Нејмар едногласни: Знаевме дека нема да испаднеме!
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел по синоќешната драматична победа за пласман во полуфинале во ЛШ изјави дека бил уверен дека неговата екипа нема да испадне од елитното натпреварување.

„Беше 50. роденеден на клубот и оваа победа е сјаен подарок. Оваа сезона веќе освоивме 4 трофеи, а сега влеговме во уште едно полуфинале, нема да го заборавиме ова што се случи. Цело време знаев дека ќе дадеме гол. Им реков на помошниците, штом дадеме еден, да дадеме уште еден гол. Одигравме многу добро и заслуживме пласман понатаму. Имавме и малку среќа, но кога ќе го погледнеме целиот меч, заслужен триумф“ рече Тухел.

Надежта за полуфинале не ја изгубил ниту Нејмар, рече Бразилецот по мечот.

„И покрај драматичната победа, ниту на секунда не помислив дека ќе испаднеме. Ништо не може да ме разубеди дека одиме во финале. Заедно поминавме низ тешка фаза, ние сме семејство. Невозможно е како такви да бидеме елиминирани. Ни остана еден натпревар до финалето и две за освојување на ЛШ“ – изјави Нејмар.
„Светците“ вечерва по мечот Атлетико – Лајпциг ќе знаат кој им е противник во полуфиналето кое ќе се игра на 19 август во Португалија.

> Тухел и Нејмар едногласни: Знаевме дека нема да испаднеме! <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028

Џошуа повреден во сообраќајна несреќа со смртни последици

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов