Утрински Весник
Спорт

Тухел: Изедов многу чоколадо за да се смирам по поразот од Реал Мадрид

Тухел: Изедов многу чоколадо за да се смирам по поразот од Реал Мадрид
Dik 300x250 mk

Фудбалерите на Челси беа убедливо поразени на „Стемфорд Бриџ“ во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид, губејќи со 1:3. Овој пораз беше тежок за сите во клубот, a особено за менаџерот Томас Тухел. Во пресрет на денешниот дуел со Саутемптон во Премиер – лигата, германскиот стручњак имаше неколку непроспиени ноќи.

„Седев во собата цела ноќ и јадев многу чоколадо за да можам повторно да го поминам целиот натпревар и да го неутрализирам стресот. Го гледав .то од мечот и на секоја грешка, одев во кујната да донесам уште чоколадо. Верувам дека ќе бидеме многу подобри веќе против Саутемптон“, изјави Томас Тухел.

Европскиот првак Челси денеска го очекува гостување на стадионот „Сент Мери“, а три дена подоцна и гостување на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.

> Тухел: Изедов многу чоколадо за да се смирам по поразот од Реал Мадрид <

Можете да прочитате

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс