Утрински Весник
Спорт

Тур де Франс можеби ќе се одржи без публика

Тур де Франс можеби ќе се одржи без публика

Париз, 26 март 2020 (МИА) – Позната по своите бројни гледачи, најголемата велосипедска трка во светот – Тур де Франс можеби оваа година ќе се одржи без публика, изјави француската министерка за спорт, Роксана Марачинеану, јави дописникот на МИА.

Владата е во разговори со АСО, организаторот на трката, за судбината на најпрестижната од големите велосипедски трки. По одложувањето на Олимписките игри и Европското првенство во фудбал, спортот, вклучително и велосипедизмот , е речиси целосно во прекин.

Трката без публика, би била прва во нејзината повеќе од еден век долга историја. тг/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига