Утрински Весник
Магазин

Турција ќе издава сертификати на туристичките комплекси за зона без коронавирус

Турција ќе издава сертификати на туристичките комплекси за зона без коронавирус
Dik 300x250 mk

Истанбул, 22 април 2020 (/) – Турција ќе сертифицира туристички дестинации без коронавирус, објави „Хуриет“, повикувајќи се на изјава на министерот за култура и туризам.

Според иницијативата на турската влада, сертификати за зона без коронавирус ќе бидат издадени на туристички места и одморалишта.

Процесот на сертификација веќе започнал, со цел да ги идентификува овие области, изјави Мехмет Нури Ерсој за приватна телевизија.

Министерот рече дека Турција првично ќе развие меѓународно прифатен систем за сертификација. Во комисијата ќе бидат вклучени и претставници на министерствата за здравство, транспорт и земјоделство кои ќе издаваат сертификати. Таа веќе ја одржа својата прва средба минатата недела под координација на Министерството за култура и туризам.

Комитетот ќе вклучува и невладини организации, при што системот за сертификација се очекува да заврши брзо, веројатно во првата недела од мај.

Министерот за туризам изрази очекување дека домашниот туристички сообраќај ќе продолжи во јуни по олабавување на мерките, наметнати поради пандемијата од коронавирус.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Животните навики на родителите пред бременоста влијаат врз здравјето на детето, тврдат белгиски лекари 

Мики Секуловски за инцидентот на Цеца: Можеби требаше порано да изреагирам, но не бев свесен дека се работи за знаме, кога видов веднаш го тргнав (ВИДЕО)

Ивана Југ со емотивен статус по смртта на уште еден од осудените за 27 април