Утрински Весник
Економија

Турција ја забрани употребата на криптовалути

Турција ја забрани употребата на криптовалути
Dik 300x250 mk

Во Турција употребата на криптовалути во финансиски порамнувања директно или преку посредници е забранета од 30 април, според указот објавен во службениот весник „Ресми газета“ во петокот.

Забрането е да се спроведуваат какви било операции со криптовалути помеѓу граѓаните и помеѓу организациите.

Криптовалутите во Турција престануваат да бидат достапно средство за плаќање меѓу договорните страни преку посредници или директно за купување стоки и услуги.

Суштината на воведените правила е дека официјално регистрираните и лиценцирани финансиски платформи, услуги и системи за плаќање во Турција кои работат или имаат можност да работат со криптовалути го губат правото да обезбедат какви било услуги за операции за порамнување со нив.

Во моментов е нејасно дали и двете лиценцирани банки во Турција или самата Централна банка ќе можат официјално да обезбедуваат такви услуги наместо независни даватели на услуги.

Но, познато е дека, како што стојат работите сега, Централната банка нема да обезбеди, да гарантира и да регулира извршување на трансакции со криптовалути.

Централната банка смета дека таквите трансакции носат сериозни ризици за договорните страни, вклучувајќи го и недостатокот на каква било ефективна контрола од страна на официјалните регулатори.

Можете да прочитате

Намален за 2,8 проценти бројот на работници во индустријата во септември на годишно ниво

Во изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д во септември ангажирани 2277 лица

Гувернерот Славески: Штедењето е системска неопходност за одржлив раст и стабилност