Утрински Весник
Свет

Турција: Четири дена полициски час од 21 до 5 часот наутро

Турција: Четири дена полициски час од 21 до 5 часот наутро

Четиридневното затворање ќе започне во Турција вечерва во 21 часот, со цел да се запре масовното ширење на епидемијата на коронавирусот за време на новогодишните празници, пренесува АП. Ограничувачките мерки, вклучително и полицискиот час, ќе започнат да се применуваат вечерва, одлучија министрите денес на седницата на грчката влада.

Градоначалникот на Истанбул рече дека околу 34.000 припадници на безбедносните служби ќе бидат на должност да следат дали се почитуваат епидемиолошките мерки во најголемиот турски град, а низ целата земја ќе бидат ангажирани 208.000 полицајци, кои ќе бидат распоредени на илјадници пунктови.

Туристите, кои се ослободени од „локдаунот“, нема да можат да излезат на плоштадите и авените за да ја прослават Новата година.

Жителите мора да останат дома од 21 до 5 часот наутро, освен во случај на барање итна медицинска помош.

За време на најрестриктивните мерки досега, сите продавници ќе бидат затворени, освен оние за храна, а рестораните можат да вршат достава.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници