Утрински Весник
Свет

Турција се повлече од Истанбулската конвенција

Турција се повлече од Истанбулската конвенција
Dik 300x250 mk

Турција се повлече од Европскиот договор за заштита на жените од насилство што го потпиша пред 10 години, а го носи името на нејзиниот најголем град.

Указот на претседателот Реџеп Таип Ердоган со кој се поништува ратификувањето на Истанбулската конвенција е удар врз поборниците за правата на жените, кои велат дека договорот е клучен за борба против семејното насилство, пишува Радио Слободна Европа.

Во Истанбулската конвенција е наведено дека мажите и жените имаат еднакви права и ги обврзува властите да преземат чекори за да спречат родово насилство врз жените, да ги заштитат жртвите и да ги гонат сторителите. Критичарите на Истанбулската конвенција во Турција, тврдат дека овој договор го охрабрува разводот и го поткопува традиционалното семејство. Според нив, договорот ја промовира хомосексуалноста преку употреба на категории како пол, сексуална ориентација и родов идентитет.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Над 80 милиони евра е вредноста на накитот украден од Лувр

Венс во Израел: Ако Хамас не се разоружа, ќе го уништиме

Француската морнарица запленила 2,4 тони кокаин