Утрински Весник
Свет

Турција: Преговори со Шведска и Финска пред влезот во НАТО

Турција не ја затвори вратата за влез на Шведска и Финска во НАТО, изјави денеска портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин.

Тој додаде дека Турција сака преговори со тие нордиски земји и сузбивање на она што ги смета за терористички активности, особено во Стокхолм.

„ Не ја затворивме вратата, но всушност го покренуваме ова прашање како прашање од важност за националната безбедност на Турција“, изјави за „Ројтерс“ Калин, главен советник за надворешна политика на Ердоган.

Турскиот претседател ги изненади членките на НАТО и двете нордиски земји кои бараат прием во Северноатлантската алијанса, велејќи вчера дека не е можно Турција да го поддржи проширувањето на алијансата бидејќи Финска и Шведска се „земји домаќини на многу терористички организации“.

Секоја земја што сака да се приклучи на Северноатлантската алијанса има потреба од едногласна поддршка од сите членки на НАТО.

Можете да прочитате

САД ја продолжија лиценцата за меѓународни операции на Лукоил до 2026

Намалување на ограничувањата за извоз на оружје во Швајцарија

Европејците го гледаат Трамп како непријател и се загрижени за војна со Русија