Утрински Весник
Свет

Турција: Неприфатлива e руската операција против Украина

Турција: Неприфатлива e руската операција против Украина

Воената операција на Русија против Украина е неприфатлива, соопшти денеска турското Министерство за надворешни работи, повикувајќи ја Москва веднаш да стави крај на неправедниот и незаконски потег што ја загрозува глобалната безбедност, пренесуваат агенциите во светот.

Претходно, украинскиот амбасадор во Анкара изјави дека Киев побарал Турција да ги затвори водните патишта на Црното Море за руските бродови и да покаже солидарност со Украина.

„Покрај елиминацијата на договорот од Минск, овој напад е сериозно кршење на меѓународното право и претставува сериозна закана за безбедноста на нашиот регион и светот“, се вели во соопштението на Министерството.

Можете да прочитате

Судири помеѓу полицијата и земјоделците пред ЕП во Стразбур

Британската влада одобри Кина да почне со изградба на нова амбасада во Лондон, една од најголемите во светот

Владата на Полска планира да ја укине вонредната помош за Украинците