Утрински Весник
Свет

Турција негира дека соборила ерменски борбен авион

Турција негира дека соборила ерменски борбен авион

Претставник на турскиот претседател Фахретин Алтун негираше дека турски ловец соборил авион на ерменското Воено воздухопловство во воздушниот простор на Ерменија.

Веста ја демантираa и од Министерството за одбрана на Азербејџан, јави „Спутник“.

Претходно, ерменското Министерство за одбрана соопшти дека турски ловец Ф-16 соборил ерменски авион Су-25, а дека пилотот загинал.

Според соопштението на ерменското Министерство, турскиот ловец полетал од аеродромот од градот Гјанџа како поддршка на азарбејџанската авијација која гаѓала населени места во Ерменија.

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, претходно денеска рече дека Анкара е спремна да му даде поддршка на Баку и на преговарачката маса, но и на бојното поле.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран објави дека во антивладините протести се убиени вкупно 3.117 лица

Најмалку 10 убиени и 50 ранети во израелкси напад во источен Либан

Американската војска нападна брод во источниот Пацифик, тројца загинати