Утрински Весник
Свет

Турција најави воени вежби во областа за која се спори со Грција

Турција најави воени вежби во областа за која се спори со Грција
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Турција денеска најави дека на 1-ви и 2-ри септември ќе одржи воени вежби во источниот Медитеран, во сред тензии со Грција, поради сеизмичките истражувања во таа област.

Најавата на Анкара следи неколку часа пред грчкиот парламент да го ратификува договорот со Египет за дефинирање на поморските граници меѓу двете земји, а кој Турција го смета за нелегитимен.

Грција и Турција, двете членки на НАТО, се спорат околу контролата над водите од источен Медитеран и правата на експлоатација на јаглеводород.

Тензиите ескалираа кога турската морнарица на 10 август објави дека нејзиниот брод „Оруш Реис“ ќе спроведе истражувачко дупчење во спорната област во следните две недели.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Новогодишна ноќ се претвори во хорор: Експлозија и пожар со десетици жртви во Швајцарија

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин