Утрински Весник
Свет

Турција ги отвора училиштата на 21 септември

Турција ги отвора училиштата на 21 септември

Училиштата во Турција ќе бидат отворени на 21 септември, со цел постепено да се премине на лично присуство на часови, рече министерот за образование Зија Селчук.

По состанокот на научниот штаб за коронавирус, министерот за здравство Фахретин Коџа рече дека доколку е потребно ќе се воведат часови преку интернет, пренесува „Ројтерс“.

Во Турција, училиштата се затворија во средината на март откако се појавија првите случаи на коронавирус.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Рубио по инцидентот со иранската ракета: Целосна поддршка за Турција

Целосен мрак во Ирак – 24info.mk

Куба остана без струја – 24info.mk