Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Турција воведе задолжително носење маски на сите места, освен во домовите

Турција воведе задолжително носење маски на сите места, освен во домовите
300x250 opst2

Турција наложи задолжително носење маски на сите локации, освен во домовите, по наглиот пораст на заразени со коронавирус.

Во соопштението од Министерството за внатрешни работи испратено до 81 провинција во вторникот се вели дека „од граѓаните се бара да носат маски без исклучок, на сите места“, со исклучок само во сопствените домови.

Претходно, носењето на маски беше задолжително во повеќето јавни простории, продавници и јавен превоз, но не и на работното место, пренесува АП.

Во понеделникот, Турција регистрираше 1.703 новозаразени лица, што е најголем број од средината на мај.

Минатата недела, Турција забрани социјални собири како што се забави, свадби и други видови прослави.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот