Третото основно јавно обвинителство во Белград нареди притвор за три групи турски граѓани во периодот од 25 февруари до 7 март поради извршување на кривично дело фалсификување ПЦР-тестови, соопшти обвинителството.
Како што беше соопштено од Третото обвинителство, на 25 февруари 2021 година одреден е 48-часовен притвор за 15 осомничени турски државјани и една државјанка на Индија. Се сомнева дека тие користеле лажни јавни документи како вистински на шалтерот за гранична контрола на полицијата на ДГП Сурчин-Белград и тоа фалсификувани потврди за резултатите од тестирањето за ковид, издадени од Институтот за јавно здравје „Батут“ и Дирекцијата за Национални референтни лаборатории.
Поради истото злосторство на 1 март 2021 година, Третото основно јавно обвинителство во Белград одреди задржување од 48-часа за тројца осомничени турски државјани. Обвинителството по испрашувањето на осомничените предложи притвор до 30 дена, по наредба на судот.
Една недела подоцна, Третото обвинителство нареди задржување на 18 осомничени турски државјани за истото кривично дело.
По сослушувањето, тие исто така биле притворени до 30 дена.
По наредба на Третото основно јавно обвинителство во Белград, полицијата го утврдува идентитетот на лицата кои издале фалсификувани тестови за ПЦР, за кои постои основано сомнение дека се турски државјани.