Утрински Весник
Свет

Турскиот претседател именуваше нов министер за правда

Турскиот претседател именуваше нов министер за правда

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го назначи Бекир Бозадаг (56), член на владејачката АК Партија, за министер за правда.

Се наведува и дека поранешниот министер за правда Абдулхамит Ѓул поднел оставка, но не наведе причина, пренесе Ројтерс.

Бозадаг беше министер за правда за време на претседателскиот мандат на Ердоган, во два наврати (2013-2015 и 2015-2017), по што стана вицепремиер, каде што остана до 2018 година.

Во исто време, Ердоган го смени директорот на државниот институт за статистика ТУИК, ​​објавено е во Службен весник.

Ердоган го смени Саит Ердал Диничер од позицијата директор на ТУИК неполна година откако беше назначен на таа функција и на негово место го назначи Ерхан Четинкаи.

Можете да прочитате

Мелони утре во Милано ќе се сретне со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс

Полска најави нов пакет воена помош за Украина од 56 милиони долари

Трамп ги поддржа премиерката Такаичи и Орбан пред парламентарните избори во Јапонија и Унгарија