Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Турска државјанка осомничена за обид за убиство во Гостивар

Едно лице повредено во тепачка во велешко Мелница
Img 7972

Скопје, 21 февруари 2020 (МИА) – Дваесет и четиригодишна турска државјанка е осомничена за обид за убиство во Гостивар. Основното јавно обвинителство од Гостивар денеска соопшти дека е донесена наредба за спроведување на истражна постапка против неа поради основано сомнение дека се обидела да стори кривично дело убиство.

Осомничената на 19 овој месец, по претходна расправија, со умисла се обидела да лиши од живот 23-годишен турски државјанин кога со кујнски нож му задала убодна рана во слабината од десната страна. Потоа го турнала повредениот на креветот и му задала уште една убодна рана од левата страна на слабината.

За неа е побарана мерка притвор поради опасност да побегне, да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоци или да се обиде да го доврши делото. бак/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Родителите на починатите се сомневаат во обвинителниот акт, на обвинителот Коцевски му се обратија со повеќе барања

Мицкоски од Брвеница: На овие избори постојат две коалиции, едната СДС-ДУИ и Левица а другата опција е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата

Фазлиу: Вреди поднесе иницијатива до Антикорупциската комисија за тендерите на „Ас Сењак“